Професор Д-р Сашо Коруноски, е најсериозен кандидат за нов Декан на Факултетот за туризам во Охрид, дознава OhridNews.

На последната седница на Научно наставниот совет на ФТУ Охрид, Коруноски со големо мнозинство бил избран за единствен кандидат за Декан.

Конечна верификација дава Ректорот на Универзитетот во Битола, кој се очекува одлуката да ја донесе пред првомајските празници.

Како што е познато со ФТУ Охрид сега раководи в.д. деканот Јованка Биљаноска, која на оваа функција беше назначена на местото на проф. д-р Софронија Миладиноски кој со одлука на ректорот на универзитетот беше сменет неколку месеци пред истекот на неговиот втор мандат.

Мандатот на деканот трае 4 години со можност за еден реизбор.

Г.М.