Како дел од амбиенталната настава „Курс по македонска книжевност“ во состав на 57-та Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, во организација на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, проф. д-р Димитар Пандев одржа предавања на тема „Преродбенските заложби на Григор Прличев“ по повод 130 години од „Автобиографијата“ и „Охрид во македонсакта литература – автори и дела“.
Предавањата се одржаа во просториите на Меморијална куќа на Григор Прличев, како и спомен-куќата на Христо Узунов и Куќата на Робевци, информираат од Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид.
OhridNews