Во четврток со почеток во 14 часот во просториите на Факултетот за Туризам и угостителство во Охрид, ќе биде прикажан документарниот филм на режисерот Peter Joseph – „Zeitgeist Addendum“.

По завршувањето на проекцијата предвидена е отворена дискусија.

Целта на настанот е да ја промовира свеста за правецот на сегашното општество и да ја открие потрошувачката социоекономска, монетарна парадигма како причина за сериозните општествени проблеми.

Покрај тоа ќе се говори и за можностите човештвото да се соочи со предизвиците на раниот XXI век, преку животното дело на Жак Фреско – индустриски дизајнер и социјален инженер – Проектот Венера – модел на пост-монетарно одржливо и ефикасно уредување наречено ” Економија базирана на ресурси” – како можно решение.

OhridNews