На кинорепертоарот во Центарот за култура во среда, петок и сабота е романтичниот француски филм „ Blue is the warmest color“.

Во филмот се следи приказната за Адел,девојка која е различна од нејзините врсници. Вниманието почнува да и го привлекува девојка по име Ема, која е  студент на ликовната уметност, која се спријателува со Адел и оди да живее со неа. И она што следи од тоа пријателство е неверојатна блискост што произлегува од љубовта. Двете девојки почнуваат една страсна љубовна врска, при што Адел е принудена да се крие од своето семејство. Приказната почнува да е се посложена кога Адел,која е вработена како наставник во училиште, е среќава со млад човек.

Филмот е сниман според романот Џули Маро, „Синиот Ангел”. Филмот беше премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал 2013 година, каде доби најголеми овации и критика, а исто така ја освои и Златната палма.

Почеток на проекциите е во 19 часот, влез 50 денари.

OhridNews