Локалниот акционен младински план за Охрид треба да се најде на дневен ред пред советниците на наредната седница. Доколку се даде зелено светло на оваа стратегија за развој и подобрување на квалитетот на животот на младите, Охрид ќе биде првата општина во Македонија  што  ќе има ваков документ.

Во Струга во текот на неделава интензивно ќе се реализираат состаноци со претставниците од локалната самоуправа , а планот за младите стружани, според најавите, ќе се најде на седница  пред новогодишните празници.

Локалните акциони младински планови за Охрид и Струга ги изработи Младинскиот совет од Охрид.