Фудбалерот на Ден Хаг, Џон Гузенс во финишот од натпреварот со Вилем Втори постигна маестрален погодок од голема далечина. Гузенс, во 88-та минута упати хирушки прецизен удар кој заврши во горниот агол од противничкиот гол. Евро-голот на Гузенс беше доволен за бод на Ден Хаг во средбата со Вилем Втори која заврши 3-3.

OhridNews