Во Струга започна проектот „Отворени забавни фудбалски школи“. Донатори на проектот се Данското МНР и УЕФА, а финансиски е поддржан и од локалната самоуправа.
На теренот на Ф.К.„Влазними“ денска започна имплементацијата на проектот „Отворени забавни фудбалски школи“.Во него се вклучени двеста деца на возраст од 7 до 12 години, со кои работат 2 лидери и 12 инструктори волонтери. Обуката инструкторите ја минаа во БиХ каде пред 10 години беше отворена првата фудбалска школа.
Основната цел на проектот е надминување на етничките и верските разлики меѓу децата на оваа возраст.Двајца таканаречени лидери и 12 инструктори со децата работат на 12 станици, на секоја станица одделно се работи по 40 минути, пред да се мнине на следната.
Проектот отворена забавна фудбалска школа, кој започна денеска ќе заврши на 17 август.
Ненад Цветанов