Резултатите од реализацијата на проектот: „Трговија со луѓе – информација, едукација, превенција“, што во изминатите шест месеци заеднички го реализираа Младински Совет од Охрид и Сојузот на жени „Езерка“ од Струга, ќе бидат презентирани на завршна конференција, што денеска ќе се одржи во Охрид.
Проектот се реализираше на територијата на општините Охрид и Струга и имаше за цел да се добијат што е можно повеќе информации за состојбата со трговијата со луѓе во регионот Охрид-Струга, за активностите и постигнувањата на државните институции и невладините организации во оваа област, а исто така и едукација на младите врз база на добиените информации.
ohridnews