Учениците од ОУ „Григор Прличев“ денес се приклучија на проектот „Садница плус“. Водечка идеја на овој проект е секој ученик преку сопствено искуство да се почувствува одговорен, секој ученик да се почувствува активен, како дел од целина која заеднички функционира.
Во рамки на проектот кој има едукативна и еколошка функција, училиштето добило семе од Ела за секој ученик, плакати за училница, како и упатство за секој наставник. Посаденото семе учениците ќе го чуваат во училниците, за да можат да го следат никнувањето и растењето на елата.
За време на овогодинешната есенска акција елките ќе бидат засадени во училишниот двор.
OhridNews