Еколошката состојба на рибната популација во Белчишко Блато на Д-р Лидија Велкова –Јорданоска, од Хидробиолошкиот завод – Охрид, меѓу седумте проекти кои се позитивно оценети за финансирање од Конкурсот за распределба на средства за финансирање научно-истражувачки проекти на јавните научни установи за 2021 година.
Покрај проектот на Хидробиолошкиот завод – Охрид, во ранг листата од Министерството за образование и наука наведени се и проекти од Институтот за македонска литература, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Институтот за духовно и културно наследство на Албанците, Институтот за национална историја, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ и Институтот за старословенска култура-Прилеп.
OhridNews