Деновиве започнаа првите едукативни предавања кои се дел од проектот „Младите во движење“ кој го спроведува ПЕД „Закамен“. Предавањата на тема „Биолошката разновидност на планината Јабланица“ ќе бидат одржани во средните училишта „Нико Нестор“ и „Др. Ибрахим Темо“, со цел да се подигне еколошката свест кај младите за зачувување на природните богатства на планината Јабланица, информираат од ЕД „Закамен“.

Во склоп на проектот ќе биде pредвиден е и младински еколошки камп кој ќе се организира во с.Горна Белица на крајот од месец мај. Тука младите директно ќе бидат запознаени со шумските плодови, печурките и лековитите билки кои изобилува планината Јабланица, нивно правилно собирање и заштита, а за крај е планирано и составување на хербариум.

Учесниците на кампот директно ќе можат да посведочат и за последиците од нелегалната сеча во овие предели. Затоа роектот ќе заврши со планинарски марш чија цел е да се покрене иницијатива за ставање крај на пустошењето на шумите и бесправната сеча со што континуирано се уништуваат природните богатства. 

OhridNews