НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид во рамките на тековните програмски активности по подолг временски период организира кино проекции на македонски филмски класици, во соработка со Кинотека на Македонија.

Четврток, 2-ри мај, со почеток во 18 часот ќе се прикажува филмот „Џипси меџик“ снимен во 1997 година, во режија на Столе Попов.

Истиот ден со почеток во 20 часот ќе има проекција на филмот „Среќна Нова 49“ снимен 1986 година, во режија на Столе Попов.

Сабота, 4-ти мај, со почеток во 20 часот ќе се прикажува филмот „Тетовирање“ снимен во 1991 година во режија на Столе Попов.

Влезот за филмските проекции за лубителите на филмот е слободен. Исто така во наредниот период ќе се започне со редовен репертоар на филмски кино проекции во охридскиот Центар за култура.

OhridNews