Натпреварите од Третата македонска фудбалска лига се враќаат на прогрмата откако заврши тримесечната пауза за екипите.
Фудбалерите на Вулкан пролетната полусезона ќе ја започнат на свој терен против тимот на Велешта, а бодовите се повеќе од неопходни во борбата за опстанок.
Титулата есенски првак замина во тимот на Кораб, кој во 12-та рунда гостува кај струшкиот Караорман.
Двојки : Фљамуртари – Новаци, Лисолај – Преспа, Лабуништа – Влазними, Караорман – Кораб, Вулкан – Велешта, Кравари – Лирија.
Табела : Кораб 24, Преспа 24, Велешта 23, Лисолај 19, Кравари 18, Лабуништа 16, Влазними 15, Караорман 13, Новаци 12, Фљамуртари 11, Вулкан 10, Лирија 7.
Ohridnews