Возбудувањата и натпреварите во Супер лигата продолжуваат по десетдневната пауза поради настапите на македонската ракометна селекција.


Охридските ракометари в сабота во 17 часот ги очекува гостување во Скопје кај втората екипа на Металург во осмата рунда од шампионатот.

Ова гостување не е пресудно, но ќе биде вистински тест за можностите на избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски кои сезонава играат далеку подобро на гостински него на домашен терен.

Со триумф над Металург 2 во дербито на колот охриѓани ќе се искачат на втората позиција и ќе ја потврдат решителноста сезонава.

Двојки : Металург 2 – Охрид, Работничи – Пелистер, Прилеп – Тинекс Пролет, Преспа – Текстилец, Зомимак – Радовиш.

Табела : Зомимак 21, Металург 15, Охрид 13, Прилеп 13, Радовиш 12, Тинекс Пролет 12, Работнички 9, Пелистер 6, Преспа 3, Текстилец 0.

Мх.П.