На патниот правец Охрид- Кичево кај село Ботун продолжуваат градежните работи на санација на рид поради чести лизгања на земјиште. Поради градежните зафати можно е забавено одвивање на сообраќајот на тој дел од магистралниот пат.


Продолжуваат работите на патниот правец М4 кај Ботун

Инаку, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива тековно без забрани, по суви и чисти коловози. На возачите им препорачуваме внимателно возење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Особена внимателност низ клисурите и планинските превои каде има наместа влажни коловози и е почеста појавата од поситни одрони. Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини, соопшти АМСМ.

Ohridnews