„Штета.Можеше да научат и добијат од сите работи што се направени за екологијата во Охрид. Но капацитетот да се разберат резултатите е обратнопропорционален на човечката и политичка малициозност. Заради ваквото ниво на речник и однесување Охрид спадна на најдолни граници. За својата неспособност неможете да барате вина во другите“. Ова е реакцијата на  Државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Дејан Пановски, на прес конференцијата на охридскиот градоначалник одржана вчера, на која Петрески побара конкретна помош од Републиката а не декларативнио заложби за реализација на еколошки проекти во Охрид.

„Нашите програми течат, го носиме просторниот план за Охридско -Преспанскиот регион, ги одредуваме границите на Унеско во Охрид …. имаме и други проекти што се во нашата надлежност. Но како да помогнеме кога единствено локалната самоуправа Охрид не поднесе ниту еден проект до Министерството за животна средина на конкурсот за 2007 година? Како да помогнеме кога кредибилитетот и довербата се на ниско ниво поради некои чудни постапки и одлуки посебно во урбаната политика? А во локалната самоуправа многу добро знаат дека Министерството за животна средина има дадено средства за проект за Грашница , но ОСВЕН ЗА СЕМИНАРИ сеуште не знаеме за што ги искористија“, додава Паноски.

Затоа им препорачувам наместо да шират злоба да поработат на проучување на надлежностите, да се сетат каква се поддршка имале и да го вратат кредибилитетот на градот затоа што Охрид не може веќе да се идентификува со вакво очајно ниво на комуницирање и речник, вели Паноски кој посочи дека проценките дека тој би можел да биде противкандидат на градоначалникот се погрешни и изрази  подготвеност за   полемика во секое време.

ohridnews