Од општинската ВМРО- ДПМНЕ изјавуваат дека се подготвени до Основното Јавно обвинителство Охрид ,да достават материјали , изјави, соопштенија на локалната самоуправа и ОО  СДСМ Охрид и Градоначалникот лично, во кои на најнекоректен и дрзок начин се навредуваат  членови на ВМРО ДПМНЕ  и Претседателот на ОК.

– Потполно го разбираме стравот од тоталното губење на рејтингот во градот и пред СДСМ, но го повикуваме градоначалникот да престане да биде организатор на лични и медиумски хајки против неистомислениците  и да престане да дели лекции кои не знае да ги дели, велат од општинската ВМРО- ДПМНЕ .