Преговорите за решавање на спорот со името помеѓу Македонија и Грција продолжуваат денеска во Њујорк со посредство на медијаторот Метју Нимиц.

Според најавите, најверојатно нема да има директна средба на преговарачите Никола Димитров и Адамантиос Василакис, туку Нимиц ќе се сретне одделно со секој од нив за да ги чуе ставовите на владите во Скопје и Атина околу последниот негов предлог.


продолжуваат преговорите за името

Иако документот од атинските преговори официјално не беше презентиран во јавноста, познато е дека Македонија ќе прифати само дел од предлозите за изнаоѓање компромис во врска со спорот кој земјава го смета за билатерален. Се што е неприфатливо и е против националните интереси на Македонија ќе биде отфрлено, најави државниот врв.

Се очекува и Грција да прифати дел од прдлогот на Нимиц, но не и да се согласи со забелешките на другата страна.

Преговорите помеѓу Грција и Македонија за името се интензивираат пред Самитот на НАТО во Букурешт на кој се очекува земјава да добие покана за НАТО. Грција се закани со вето доколку не избереме име по желба на Атина, а Македонија смета дека влегувањето во НАТО не смее да биде условено со промена на уставното име.

ohridnews