Во пресрет на големиот јубилеј 600 години од подигнувањето и 150 години од возобновувањето на црквата “Свети Илија” од  Елшани, на иницијатива на здружението “РОДОЉУБИ СВЕТИ ИЛИЈА“ деновиве се спроведе голема еколошка акција за уредување на црквата, црковниот двор и околината.   Активно учество во акцијата која се спроведе под мотото “ДА ЈА ОТКРИЕМЕ УБАВИНАТА НА НАШАТА ЦРКВА И НА НАШАТА ОКОЛИНА – ЗА НАШЕ ДОБРО“, зедоа голем број граѓани. Тие носеа маици со со логото на јубилејот, а локалните продавници ги мотивираа со освежителни пијалоци. Ваква акција се планира и следниот викенд.


 Продолжуваат подготовките за големиот јубилеј во Елшани

Ohridnews