Нам ни е сосема јасно чии се лагите и манипулациите низ Охрид, во тоа немаме сомневање и затоа ако воопшто веќе некој има сомнеж потсетуваме : Градоначалникот на Охрид на претходната седница на Советот упорно тврдеше дека никогаш не напишал допис до Агенцијата за млади и спорт со кој фактички тој не ја прифаќа донацијата за спортски игралишта од државната агенција. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на самата седница го презентираше тој документ и ја потврди лагата на Градоначалникот на Охрид, стои во дописот испратен од ОК на ВМРО- ДПМНЕ.

Првиот човек на градот, на истата седница упорно тврдеше и лажеше дека состојбите во  Јавното  претпријатие „Билјанини извори“ се одлични. Два – три дена потоа, директорот на Јавното претпријатие е сменет од функцијата со образложение дека проблемот во ЈП „Билјанини извори“ потекнува токму од Градоначалникот, велат од општинското ВМРО- ДПМНЕ.

– Години наназад Градоначалникот на Охрид и локалната власт упорно тврдат и лажат дека се е законски во процесот на урбанизацијата на Охрид. Деновиве сме сведоци дека на виделина излегуваат големите неправилности на кои како партија укажувавме. Политички сме заинтересирани како на ова ќе реагира врвот на локалната власти и конкретно Градоначалникот. Како што велат од ВМРО- ДПМНЕ, разоткривањето на лагите и одговорноста нема да ги одмине виновните.

Ohridnews