– Да немаше резултати од мојата и нашата работа во Министерство за животна средина, како единствено место каде работам , Вие ќе немавте ни што да отварате . Ако не беа конференциите , семинарите , студиите , проектите, Вие не ќе имавте на каков настан да држите говор, кои сите го нарекоа недоличен. Екологијата е процес, господине Градоначалник, а не затскривање. Не е тоа криење за цртање и градење на згради, стои во дописот испратен од Дејан Пановски до Градоначалникот Петрески.

– Вие најдобро знаете колку сум излобирал и донесол за Охрид и тоа во време кога  Вие сте на власт, но се срамите да кажете затоа што тоа е голема фрустрација, затоа што Вие за Охрид не знаете да излобирате ни денар однадвор. За адвокатството , на некого не му е воопшто потребен адвокат, но на некој најверојатно ќе му биде потребен многу јак, голем тим од адвокати. Но , тоа е веќе надвор од нечии фрустрации и политички манипулации, вели Пановски .

Ohridnews