Со натпреварот помеѓу екипите на Голден Арт – Олимпијакос денес од 11 часот продолжува меморијалниот турнир во ракомет „Крсте Андоновски“.
На програмата денес уште три натпревари. Со почеток во 13:15 часот силите ќе ги одмерат екипите на Татран Прешов – Бутел, во 18:00 часот Еурофарм Пелистер – Металопластика, додека домаќините Охрид во 20:15 часот се среќаваат со екипата на Бешикташ.
Меморијалниот турнир продолжува утре со натпреварите во 11:00 часот за 7мо место, 13:15 часот за 5 место и 18:00 часот за 3то место.
Финалето е закажано во 20:15 часот.
OhridNews