По еден викенд пауза поради мечевите во Купот продолжуваат натпреварите од Општинската фудбалска лига.
Најинтересен меч од 14-та рунда треба да биде дуелот меѓу Воска и Рудар на „Грашница“.
Лидерот на табелата Лакочереј на гостински терен силите ќе ги одмери со Славеј, додека третопласираната Дебрца на домашно тло ќе се сретне со Св. Петар.
Двојки: Воска – Рудар, Славеј – Лакочереј, Дебрца – Св. Петар, Вапила – Вулкан.
Табела: Лакочереј 34, Воска 29, Дебрца 27, Рудар 26, Вапила 20, Вулкан 19, Славеј 11, Лешани 8, Св. Петар 7, Злести 4.
OhridNews