По паузата продолжуваат натпреварите од плеј-офот во ракометната Супер лига. ГРК Охрид претстојниот викенд го игра првиот од серијата клучни натпревари во борбата за висок пласман, против Пролет. Екипата најавува беспоштедна борба во остварување на посакуваната цел.
Како тим минавме низ тешки борби. Оставривме непосакувани резултати. На нас е да го промениме тоа. Се поврзавме силно како тим. Наша единствена цел е да триумфираме во натпреварот со Пролет и да им ја посветиме победата на нашите поддржувачи, вели ракометарот Ерај Каракоч.
Натпреварот ќе се игра во недела во салата „Македонско сонце“ во Скопје со почеток во 16:30 часот.
OhridNews