Викендов со мечевите од првата рунда од втората полусезона продолжуваат возбудувањата во Третата македонска фудбалска лига југо-запад.
Честa да ја најават втората етапа во Третата лига ќе имаат екипите на Охрид и Преспа во сабота со почеток во 14 часот на „Атина Бојаџи“ стадионот.
Тимот на Воска на домашен терен ќе ги одмери силите со Влазними, додека Сатеска во дербито на колото гостува кај струшки Караорман.
Двојки: Кораб – Баир Кркардаш, Октиси – Могила, Охрид – Преспа, Воска – Влазними, Караорман – Сатеска, Лирија – Кравари, Фљамуртари – Велешта.
Табела: Кораб 36, Кравари 28, Фљамуртари 26, Караорман 24, Преспа 22, Сатеска 19, Охрид 19, Могила 18, Велешта 16, Влазними 15, Лирија 13, Октиси 12, Воска 10, Баир Кркардаш 0.
OhridNews