Со дуелот меѓу Работнички и Младост Царев Двор кој ќе се одигра в сабота (14ч) на комплексот од Фудбалската федерација на Македонија ќе го означи почетокот на пролетната сезона во Првата фудбалска лига.


Тимот на Младост претрпе големи играчки промени во зимскиот преоден рок. Заминаа половина од играчите кои го завршија есенскиот дел, а „зелено белите“ во главно се засилуваа со интернационалци.

Во пролетната полусезона избраниците на Здравко Цветаноски ги очекува макотрпна борба за секој бод кој ќе им го продолжи прволигашкиот живот.

Двојки: Работнички – Младост (сабота 14ч), Вардар – Ренова (недела 14ч), Шкендија – Х. Турново, Силекс – Брегалница, Шкупи – Металург.

Табела: Вардар 43, Шкендија 38, Силекс 26, Работнички 24, Шкупи 24, Ренова 20, Брегалница 19, Младост 16, Металург 13.

OhridNews