По двонеделна пауза поради репрезентативните обврски продолжуваат натпреварите во плејофот во Супер лигата. Охридските ракометари во седмата рунда од плејофот ќе се сретнат со последнопласираниот на табелата тимот на Борец.


Бодовите од овој натпревар се исклучително важни за „гладијаторите“ кои водат мртва трка со ракометарите од Еурофарм Работник за третата позиција на табелата која води во европските натпреварувања следната сезона.

Во првата пресметка во плејофот охриѓани на домашен терен славеа со 34-31, додека во регуларниот дел од сезоната велешките ракометари пред своите гледачи му нанесоа еден од трите порази на Охрид во Супер лигата.

Двојки: Вардар – Еурофарм Работник, Борец – Охрид, Металург – Пелистер

Табела: Вардар 15, Металург 15, Еурофарм Работник 9, Охрид 9, Пелистер 6, Борец 0. 

OhridNews