Викендов, ќе продолжат натпреварите во Општинската фудбалска лига која се игра во охридскиот регион.

Пред продолжувањето на сезоната, екипата на Слатино најавува атак на првата позиција и влез во Третата македонска фудбалска лига југо-запад.

Доведовме некои нови фудбалери, кои сигурно ќе бидат од голема помош за остварување на нашиот амбиции. Добивме помош од спонзори како што се нови дресови, топки и друга опрема, – изјави тренерот на Слатино, Никола Цветкоски.

  • Двојки:

Вулкан – Слатино

Дебрца – Вапила

Славеј – Рудар

Злести – Велмеј

Св. Петар – Воска

Лакочереј слободен

OhridNews