Десет натпревари се играат вечерва од квалификациите за Европското првенство во фудбал што следната година ќе се одржи во Полска и во Украина.

Во групата „Б“ нема натпревар, а со тоа во денешниот термин слободна е и македонската репрезентација.

Двојки и табели по групи:

Група „А“: Турција – Австрија (почеток 19:30 часот) и Белгија – Азербејџан (20:45).

Табела: Германија 15 бодови, Белгија 7, Австрија 7, Турција 6, Азербејџан 3, Казакстан 0.

Група „Ц“: Естонија – Србија (20:30) и Северна Ирска – Словенија (20:45).

Табела: Италија 13, Словенија 7, Србија 7, Естонија 6, Северна Ирска 5, Фарски Острови 1.

Група „Д“: Романија – Луксембург (19:45).

Табела: Франција 12, Белорусија 8, Албанија 8, Босна и Херцеговина 7, Романија 2,   Луксембург 1.

Група „Е“: Шведска – Молдавија (19:00) и Холандија – Унгарија (20:30).

Табела: Холандија 15, Унгарија 9, Шведска 6, Молдавија 6, Финска 3, Сан Марино 0.

Група „Ф“: Израел – Грузија (18:05).
Табела: Грција 11, Хрватска 10, Грузија 9, Израел 7, Летонија 4, Малта 0.

Група „И“: Чешка – Лихтенштајн (17:30) и Литванија – Шпанија (20:45).
Табела: Шпанија 12, Чешка 6, Шкотска 4, Литванија 4, Лихтенштајн 0.

Ohridnews