Продолжува серијата самостојни концерти на познатиот охридски музичар Владимир Четкар низ Америка и Канада. По концертите во Детроит и Чикаго, каде Четкар се претстави со авторска музика пред бројна публика, при што секоја изведена композиција на охридскиот музичар и неговиот квартет беше наградена со бурни аплаузи, на 11- ти јуни, четврток, следи и деби концертот во Торонто во клубот „ Севен 44“.

Во Торонто Четкар ќе биде придружуван од Давор Јордановски на пијано, Алек Секуловски на тапани и Милош Ангелов на бас.

После оваа серија на самостојни концерти, Владимир Четкар доаѓа дома во Македонија каде концертната сезона ќе ја започне во Охрид со традиционалниот концерт во Аквариус на 17 Јули.

OhridNews