По двонеделен застој поради, како што информира локалната самоуправа, дополнително планирање, неделава продолжија градежните работи за реконструкција на ул. „Питу Гули“. Според најавите во наредниот период ќе биде извршена реконструкција на коловозот и тротоарите на оваа улица.

Градоначалникот Бакрачески во петокот објасни дека од изведувачите на градежните работи и нивните подизведувачи добил уверување дека од почетокот на оваа работна недела ќе се интензивираат градежните работи на „Питу Гули“, откако ќе завршат мерењата кои што ќе се спроведат на терен, со оглед на тоа дека има голем број на излези и влезови на таа улица.

Во меѓувреме продолжуваат градежните работи и на пресекот помеѓу булеварот „Туристичка“ и улицата „Бистрица“, каде се гради кружен тек.

Овие зафати се реализираат со кредит од Светска банка, а предвидена е изграба на уште еден кружен тек на пресекот помеѓу булевар „Туристичка“ и ул. „Македонски просветители“, како и реконструкција на ул. „Ристо Чадо“ заедно со атмосферска канализација, на ул. „Илија Смически“ во с. Лескоец, како и на уште пет улички во населбите Воска и Даљан со атмосферска канализација, а во тек е реконструкција на патот од Елешец кон Елшани.

OhridNews

Градежната механизација ја нема на „Питу Гули“, активностите ќе се интензивираат од понеделник најавува општината