Градежните активности на игралиштето во село Трпејца кои беа во прекин поради лошите временски услови, вчера продолжиле со засилен интензитет.
-Игралиштето ќе биде повеќенаменско, целосно ќе биде оградено, опремено со рефлектори и хортикултурно ќе се уреди. Околу игралиштето ќе биде изведена пешачка патека и ќе бидат поставени трибини. Ова игралиште претставува дел од проектот за изградба на повеќенаменски игралишта на повеќе локации во градот и надвор од него, велат од општина Охрид.
Оттаму информираат дека средствата за изградбата на игралиштето се целосно обезбедени од буџетот на општина Охрид, а градежните зафати во целост ги изведува ЈП „Градски гробишта“.
OhridNews