По повод патрониот празник на Охрид, Свети Климент Охридски денеска на пладне во куќата на Робевци во Охрид ќе биде отворена изложба „ Отпретани сведоштва-војнички писма од големата војна (1914-1918) “ од фондацијата Институт отворено општество Македонија и НУ Завод и музеј Охрид.
Чествувањата ќе продолжат со промоција на книгата „По скалилата на виножитото до ликовното соѕвездие” од Слободан Пупиноски, што ќе се одржи во ОУ „Христо Узунов”. Патрониот празник со свечена приредба ќе го одбележи ОУ “ Св. Климент Охридски”.
Во , НУ Центар за култура “Григор Прличев” ќе биде отворена изложба на роднокрајни сликари од Охрид на која ќе настстапи камерниот хор при НУ Центар за култура “ Григор Прличев”. Чествувањата денеска ќе бидат заокружени со свеченост по повод патрониот празник на ОСУ “ Св. Климент Охридски” .
ohridnews