Продолжуваат активностите за рехабилитација на патниот правец Охрид-Св. Наум. Деновиве се афалтираат делови од патот низ селото Пештани.
Делницата Охрид-Свети Наум со децении не беше рехабилитирана иако е еден важен крак од аспект на туризмот, но и крак кој не поврзува со соседна Република Албанија.
Проектот опфаќа поправка и рехабилитација на државниот пат Р1301 во должина од 24.3 км, а изведувач на работите се Илинден Струга заедно со надзорот Институт за патишта Велес.
Градежните активности опфаќаат крпење и асфалтирање на дупки, како и асфалтирање на одредени секции на трасата.
Вредноста на оваа инвестиција е 707,390,772,00 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта.
Рокот предвиден за изведување на градежните работи е до март 2025 -та.
Н.С.Ј.
фото. Б. Стојаноски