Продолжува водството на машката тројка од Пештани и на вториот летечки спринт во Свети Стефан. Водството и натаму го држи италијанецот Алесио Очипинти со време од 3 часа 58 минути 49 секунди, додека измена има меѓу вториот и третиот пливач, аргентинецот Матијас Дијаз е со водство пред италијанецот Марко Инглима.
Во женска конкуренција и натаму води французинката Каролин Жуис која стигна прва и на вториот летечки спринт во Свети Стефан со време од 4 часа 8 минути 26 секунди.
Целта на Охридскиот маратон е Градскиот кеј, а се очекува првиот маратонец до финишот да пристигне околу 15 часот.
Н.С.Ј.