Пет часа маратонците ја пливаат патеката „Климе Савин“ по стартот означен во Св. Наум во рамки на 35. Охридски пливачки маратон. И натаму истата четворка е напред на трката, а во моментов маратонците се до Метропол.

Водството го има Матијас Дијас Хернандес од Аргентина, а веднаш зад него е Франческо Гетини од Италија. Во овој дел од трката Евгениј Поп Ацев е во минимална предност пред Александар Илиевски.

По поминување и на оваа мерна станица маратонците ќе пливаат кон целта.

Инаку, во категоријата мажи се натпреваруваат домаќините Александар Илиевски и Евгениј Поп Ацев, Арне Фурлан Штулар од Словенија, Франческо Гетини од Италија, Матијас Дијас Хернандес од Аргентина и Сидрит Деску и Арион Будима од Косово, додека единствената девојка на годинашното маратонско издание е аргентинката Рита Ванеса Гарсија.

OhridNews