ВМРО ДПМНЕ ја продолжува вербалната војна со градоначалникот Петрески. По неколкуте соопштенија, пресови и реакции деновиве, ОК на ВМРО ДПМНЕ денеска се јави со ново соопштение за јавност во кое уште еднаш се бара одговор од охридскиот градоначалник за проблемот со фекалната канализација во стариот град:

„Зошто и до кога фекалиите од Стар град ќе влеваат во нашиот најголем бисер, Охридското Езеро и ќе го загадуваат нашето најголемо природно богатство ставено под заштита на УНЕСКО? Дали и што планирате да превземете за санирање на оваа катастрофална состојба која се случува веќе половина година наназад? “, прашува ВМРО ДПМНЕ.

Потсетуваме дека несоодветното третирање на отпадните води и отпадот се во надлежност на Локалната власт и Вие господине Петрески ќе ја понесете најголемата одговорност пред граѓаните, стои во соопштението.
   
Наместо итно нешто да се стори за да не дојде до нови и уште потешки хаварии на овие витални системи, Вие и понатаму си терате “ЕПП“ и се занимавате  со “стручна анализа“ на личноста на нашиот партиски портпарол, се вели меѓу другото во соопштението на ОК ВМРО ДПМНЕ ОХРИД.

Ohridnews