Ново утро, нова грда слика низ охридските улици. Овој пат „жртва“ на вандалите се јавни добра во близина на детското игралиште кај Холандскиот парк. Превртени јавни тоалети, искршени корпи за отпадоци, расфрлано ѓубре…
За жал, и ова лето ваквата глетка е честа во Охрид. Неодгорворни поединци пред неколку дена уништија канделабри и дрвја на рекреативната патека за Горица.
Охриѓани се револтирани од ваквото некултурно однесување, но и од немоќта на одговорните служби во справувањето со девијантните појави кои негативно влијаат како на туризмот, така и на севкупното живеење во градот.
OhridNews