Во склоп на овој еднонеделен студиски престој во Берлин и Бранденбург предвидени се предавања, семинари, вежби, проекти и самостојна работа како и посета на Бест-Працтице-примери во Германија“, со цел пренесување на специфични знаења во разни туристички организации и одредени туристички сегменти, посета на институции за одржливост во туризмот, размена на искуства со одговорни туристички актери.
Деканот на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид Проф. д-р Сашо Коруновски, истакнува дека целта на проектот е размена на знаења и искуства од областа на одржливиот развој на туризмот и развој на заедничка студиска програма и заеднички дипломи на двете високошколски установи.
– Интенција е, во соработката да бидат вклучени и другите сектори што се активно вклучени во туристичката сфера и на тој начин да придонесеме за развој на туризмот, Проф. д- р Коруновски .
Раководителот на Центарот за научно-истражувачка работа при ФТУ Охрид и координатор на овој проект, Проф. д-р Јаготка Стрезовска потенцира дека Факултетот за Туризам и угостителство при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ веќе подолг период успешно ја негува меѓународната соработка со поголем број странски универзитети.
– Оваа соработка отвора широки хоризонти, нуди нови погледи и го менува начинот на однесување и поттикнува кај наставно-научниот кадар нови идеи и размислувања за домашните прилики. Нашиот факултет ги следи постојано сите модерни образовни понуди и резултати од науката и истражувањата и се залага да биде интернационално конкурентен, вели проф. Д- р Јаготка Стрезовска.
Професор Стрезовска додава дека денес Факултетот за туризам и угостителство во Охрид со успех ги усогласува на највисоко ниво сите високообразовни програми и структури со европските и светските барања и врши едукација на најдобри и меѓународно признати стручни и научни кадри.