Продолжува хортикултурното уредување на дрворедот од лигуструми по улицата „Димитар Влахов“ со поставување на украсни штитници околу секое стебло. Околниот простор се разубавува со ниски зимзелени грмушки и сезонско цвеќе од видот „бегонија“. Исто така се поставува и систем за наводнување на принципот „капка по капка“.

Овие активности ги реализираат екипите на „Паркови и зеленило“ при Ј.П. „Охридски Комуналец“ во согласност со Програмата за јавно зеленило за 2015 година во која беше опфатено реконструирањето на дрворедот на оваа улица.

Во месец јуни се започна со уредувањето на потегот од општинската зграда до пресекот со улица „Македонски Просветители“ каде се уредени 40 стебла од дрворедот, а сега се уредува потегот од општинската зграда до централната градинка „Јасна Ристеска“. На овој потег ќе се уредат 10 стебла, а во наредниот период ќе биде опфатени преостанатите 30 стебла на потег до пресекот со улица „Јане Сандански“.

OhridNews