Ништо ново. Уште една корпа за отпад деновиве заврши во водите на Охридското Езеро. Непознати сторители веројатно во недостиг на поинаков тип забава решиле да се занимават со уништување на јавните добра.
Очигледно е дека „јунаците“ малку се помачиле, бидејќи морале корпата да ја истркалаат десетина метри до водата. Што ли само си мислеле дека прават? Ако воопшто мислеле.
уште една корпа заврши во езерото
Ова не е прв пат корпите за отпад поставени на градскиот кеј да бидат фрлани во езерото, па и да бидат скршени. И покрај бројните апели ваквите деструктивни појави за жал и натаму се дел од нашето секојдневие.
ohridnews