Две средби, кои ќе се одиграат во рамките на 11-то коло во Премиер лигата, ќе го привлечат вниманието на фудбалските фанови во Англија. Манчестер Сити ќе го пречека Тотенхем, а Челзи за противник ќе го има Ливерпул.

Актуелниот првак, Манчестер Сити е единствената екипа која во досегашниот тек од шампионатот нема пораз и како фаворит влегува во натпреварот против Тотенхем, кој и понатаму игра во многу променлива форма.

Фавортиската улога на мечот со Ливерпул му е препуштена на Челзи, но играчите на Ди Матео, доколку ја повторат играта од мечот со Шахтјор, тешко дека ќе можат да стигнат до трите бода, дуруи и против противник каков што е Ливерпул, кој сезонава најдобро игра против ’големите’ тимови.

Лидерот на табелата, Манчестер Јунајтед, во ова рунда ќе гостува кај Астон Вила, неубедливиот Арсенал, во грдаскиот дуел ќе го пречека Фулам.

Евертон, кој сјајно ја почна сезоната, а кој во моментов има серија од четири нерешени средби за противник ќе го има Сандерленд.

Двојки: Арсенал-Фулам, Евертон-Сандерленд, Ридинг-Норич, Саутемптон-Свонси, Стоук-КПР,
виган-ВБА, Астон Вила-Манчестер Јунајтед.

Недела, 11. ноември: Манчестер Сити-Тотенхем, Њукасл-Вест Хем, Челзи-Ливерпул,

Табела: Манчестер Ј. 24, Челзи 23, Манчестер С. 22, Евертон, ВБА, Тотенхем 17..

“макфакс“