Некогашниот најдобар фудбалер во земјата, Иван Тричковски е најновото име кое се повлече од македонската фудбалска репрезентација.

Тој одлуката за повлекување ја донесе пред двата квалификациските натпревари против Луксембруг и Португалија за Европското првенство во Франција.

Тричковски кој ќе се посвети на клупските обврски во тимот на Ал Наср го продолжи трендот на повлекување откако тоа го направија Горан Пандев и Николче Новески.

За дуелите од квалификациите на списокот од селекторот Бошко Ѓуровски се најдоа :

Голмани: Томе Пачовски, Андреја Ефермов, Дарко Тофиловски

Одбрана: Ванче Шиков, Даниел Мојсов, Ардијан Цуцули, Дарко Велковски, Дарко Глишиќ, Стефан Ристовски, Александар Дамчевски

Среден ред: Аријан Адеми, Мухамед Демири, Марјан Радески, НиколА Глигоров, Александар Трајковски, Стефан Спировски, Муарем Муарем

Напад: Агим Ибраими, Адис Јаховиќ, Јован Костовски, Крсте Велкоски, Бесарт Абдурахими, Мирко Ивановски

Мх.П.