Продолжува трендот на негативен природен прираст. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) природниот прираст на ниво на држава е негативен, – 294 лица, земјаќи во предвид дека овој период бројот на живородени деца е 4 453 деца, додека бројот на починати 4 747 лицa.

Во Охрид во овој период се родени 86 бебиња, додека во Струга 109. Во истиот период во Охрид починале 140 лице со што се бележи природен прираст од -54. Во Струга починале 125 лица со што природниот прираст е -16. Во однос на склучени бракови за овој период во Охрид нивната бројка е 155, додека во Струга 168. Во истиот период во Струга имало 15, а во Охрид евидентирани се 5 разводи, покажуваат податоците на ДЗС.

Ако направиме споредба со истиот квартал од минатата 2022 година, во Охрид биле родени повеќе бебиња, 126, но и починале пповеќе лица, 163. Со тоа повторно се бележи негативен природен прираст, но помал, -37.

Во истиот период лани во Струга биле родени 79 бебиња, а починале 89 лица, со што и овде природниот прираст е во негатива, но памал, -10.

Кога станува збор за склучени бракови минатата година имало помалку и во Охрид и Струга, додека во поглед на разводите во Охрид биле 10, а во Струга немало ниту еден.

На ниво на држава во третото тримесечје од 2023 година, склучени се 4 116 бракови, што претставува намалување од 11.4 % во споредба со истиот период од 2022 година. Во ова тримесечје се разведени 301 брак.

Н.С.Ј.