Во последните 24 часа се направени 1156 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на Kовид-19, од кои повеќе од третина во Скопје – 34, во Гостивар 20, во Куманово 13, Струга 1.
Починати се пет пациенти, три пациенти од Скопје (49г., 74г. и 72г.), пациентка од Струга (53г.), и пациентка од Берово (57г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравен пациент. Досега во земјата се направени вкупно 126284 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12739, бројката на оздравени пациенти е 9174, на починати е 544, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3021.
OhridNews