Светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог продолжува денеска во Охрид. Учесниците денеска ќе расправаат за образованието и религијата, киако и за влијанието на верата врз идниот развој на светот.
Тридневната Светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог што се одржува во Охрид е збогатена и со културно – уметничка програма на која ќе настапат познати уметници.
На приемот што вечерва ќе го одржи вицепремиерот Зоран Ставрески, ќе настапат хоровите Света Злата Мегленска, Свети Климент Охридски и Семазен и хор од Америка.
Утре учесниците на Конференцијата ќе ги посетат културно-историските споменици во Охрид: Света Софија, Плаошник, Античкиот театар, Галеријата на икони, Света Богородица Перивлепта, Зејнел Абедин Паша Џамија – Теке и Али –Пашината џамија.
над 200 верски претставници учествуваат на Светската конференција во Охрид
На Светската конференција „Придонесот на верата и културата кон мир, заемна почит и соживот“ што се одржува во хотелот „Горица“ во Охрид, предвиден е и термин за молитва во траење од еден час.
Дел од религиските групи и заедници од Македонија и од светот, на нивно барање, во пет соби во одреден термин од денот одржуваат молитва.
На Светската конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог учествуваат над 200 претставници на религиски групи и заедници.
Г.М.