Со распит на сведоци во Основниот суд во Охрид денеска треба да продолжи судскиот процес против Лазе Радески, обвинет за убиство на уличните продавачи на девизи Раим Ракип, Спиро Ставрески и Трајче Цоцески, сите од Охрид.


На последното рочиште, одбраната на обвинетиот  побара да биде извршена реконструкција на убиството на Трајче Цоцески за што судот кажа дека ќе се изјасни на продолжението од судскиот процес закажано за денеска, а беше одбиено барањето да се повикаат двајца дополнителни сведоци.

Ohridnews