Во Основниот суд во Охрид, денеска треба да продолжи судскиот процес против албанскиот државјанин Сетмир Прој, обвинет за предизвикување на тешката сообраќајна несреќа на 25 септември оваа година кај Буково, во која животот го загубија познатите охридски ди-џеи Влатко Пантоски-Пантер и Наумче Аврамоски – Бруце.


Обвинетиот Сетмир Прој

На денешното рочиште треба да бидат презентирани дополнителни докази за целосно расветлување на несреќата, на кои инсистираше јавното обвинителство. 

Ohridnews