На почетокот од судењето, Радески во својот исказ го призна убиството над Цоцески, но негираше дека ги убил другите двајца дилери на девизи. Во улога на сведоци во судскиот процес се појавија блиските на убиените, кои зборуваа за деловните односи на жртвите со обвинетиот кој се товари дека делата ги извршил од користољубие.
Судскиот процес против Лазо Радески, го води судијката Милка Танеска.