Доколку ви е преку глава од политичкото лудило, сакате да ја разбиете секојдневната монотонија и да се релаксирате, резервирајте 90 минути од вашето слободно време за најголемото стендап шоу во земјата на неповторливиот Никола Тодороски. Вечерва во 20 часот продолжува „Стендап револуцијата“ со која Никола и објави војна на културната затаеност во Охрид. Тој ќе изведе нов материјал екслузивно подготвен за вечерашното шоу.

Ова е трет дел од проектот „СТЕНДАП РЕВОЛУЦИЈА“ кој Никола го започна во декември минатата година. Предизвикот кој си го постави Никола со овој проект е секој месец од декември 2014 до јуни 2015 да пишува нов материјал од по 90 минути, нешто што само по себе е револуционерно и никогаш не е направено до сега, а со тоа да придонесе за подигање на нивото на хуморот во рамките на целата држава.

Билетите по популарна цена од 150 денари можат да се купат на касата при центарот за култура.

OhridNews